Од први до десетти октомври во кафе и филм „Котур“ и Парк Форум ќе се одржи петтиот по ред „Ѕирни” фестивал на филм и музика. Овогодишното јубилејно петто издание на Фестивалот на филм и музика „Sирни“ ја продолжува својата препознатлива концепција на “коктел” од филмови и внимателно селектирана музичка програма.
Фестивалот добива натпреварувачки карактер. Кратките филмови од официјалната селекција ќе се натпреваруваат за наградата за најдобар филм „Данчо Чеврески”. Наградата ќе ја додели трочленото жири составено од македонските режисери: Марија Апчевска, Ивица Димитријевиќ, Саша Станишиќ.
Официјалната селекција е своевиден преглед на најновата продукција на македонските кратки филмови. Оваа селекција е разновидна: „Жена: 3 Есенцијални прашања на Јана Луловска” и „Страст по лутањето” на Леона Јариќ; „Сценариото” на Александра Кардалевска и „4891” на Ивана Мирчевска ; „Еден тон сладолед” на Сандра Ѓорѓиева , „Кутии” на Ангела Димеска, „Мавера” на Батухан Ибрахим; Так Так” на Јане Алтипармаков.
Оваа година ќе има и проекциии на два документарни филмови од регионот. „Неврзаните: Сцени од фондот на Лабудовиќ” на Мила Турајлиќ е архивски роуд-трип низ раѓањето на проектот на неврзаните базиран на досега невидени 35 мм материјали снимени од Стеван Лабудовиќ, снимателот на југословенскиот претседател Тито. „Авантурите на карикатурата” на Вера Влаиќ– е филм каде со толкување на историските настани од средината на 19 до почетокот на 21 век, користејќи го јазикот на анимираниот филм и неговата уметничка поврзаност со карикатурата се дава преглед на авторите кои придонеле за развојот на карикатурата како уметност во српската култура. Како паралела ќе го погледнеме и краткиот филм „Отпор” на Боро Пејчинов, ремек дело на македонскиот анимиран филм.
Исто така ќе има проекција на „Тетовирање” на Столе Попов еден од најпознатите македонски филмови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.