Филхармонијата од денеска до 6 октомври е на турнеја во Израел, каде што ќе одржи три концерти и тоа во градовите Ерусалим, Ришон Ле Цион и Од Хашарон. Во Ерусалим ќе настапи во познатата сала „Хенри Краун“, која е матична сцена на Симфонискиот оркестар на Ерусалим, а во Ришон Ле Цион, кој се наоѓа во близина на Тел Авив, во матичната сала на Израелскиот симфонски оркестар.

Концертите ќе ги води маестро Јерухам Шаровски, а како солистка ќе настапи виртуозната израелска виолончелистка Даниеле Акта. Пред публиката во Израел, оркестарот ќе се претстави со два различни програмски концепта.

На програмата се ‘Тешкото’ од Глигор Смокварски, Симфонијата бр. 9 ‘Од новиот свет’ од Антонин Дворжак и Концертот за виолончело и оркестар од Едвард Елгар. На концертот на отворено во Од Хашарон, оркестарот ќе ги изведе Увертирата ‘1812’ од Чајковски, ‘Руслан и Људмила’ од Глинка и ‘Кол Нидреи’ за виолончело и оркестар од Брух“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.