Од 8-15 февруари во организација на ДПМ и Канадската амбасада во Македонија ќе се одржат Деновите на канадската литература.

Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи на 8.2.2023 година со почеток во 12 часот во Друштвото на писателите на Македонија.

На свеченоста ќе говорат амбасадорот на Канада Џајлс Норман и претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Христо Петрески. Притоа ќе бидат претставени и изданијата од канадски автори објавени на македонски јазик, а нив ќе ги промовира секретарот за меѓународна соработка на Друштвото на писателите на Македонија Марина Мијаковска.

Инаку, во рамките на Деновите на канадската литература ќе бидат одржани повеќе промоции, мини саем на книги и креативни работилници за деца и млади, соопштуваат од ДПМ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.