По повод Европскиот ден на јазиците – 26 Септември, денеска во просториите на Европска куќа – Скопје ќе бидат објавени победниците на деветтата награда за најдобар млад преведувач „Вавилон”, организирана од Делегацијата на Европската Унија и Здружението на преведувачи и толкувачи ЗПРМ.

Како што е најавено, наградите ќе ги предадат шефот на Делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир, професорот при Филолошки факултет „Блаже Конески” – Скопје и амбасадор на наградата „Вавилон” за 2022 година Владимир Мартиновски, како и претседателот на Организацискиот одбор на наградата „Вавилон” и член на Здружението на преведувачи и толкувачи ЗПРМ, Никола Ѓелинчески.

Целта на оваа награда, која годинава се доделува по деветти пат, е промоција на младите преведувачи, како и поттикнување на квалитетот во преведувањето на книжевни дела.

Конкурсот е отворен за млади преведувачи до 26 години, додека делата мора да се преводи на книжевни дела од еден од 24-те службени јазици на Европската Унија на кој било кој од јазиците што се говорат во земјата.

На настанот ќе биде објавено и десеттото јубилејно издание на Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон”, а ќе бидат објавени и деталните критериуми за Наградата 2023.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.