Министeрството за култура денеска го објави конкурсот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ во 2019 година.

Со државната награда „Мајка Тереза“ се оддава признание за остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување и унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава. Државната награда, под условите определени во Конкурсов, може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.

На наградениот поединец му се доделува диплома и паричен износ.

Конкурсот ќе трае од 1 до 30 април 2019 годинa.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.