На неколку дена пред светската премиера на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија”, продукцијата „Сестри и Брат Митевски” го објави и официјалниот трејлер.

Истиот е изработен од страна на агентот за продажба „Пирамид“ од Франција, кој застанува зад филмови кои ја одбележуваат врвната европска кинематографија.

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ се снимаше 6 недели во Штип во текот на јануари и февруари 2018. Монтажата се одвиваше во Белгија, а звукот, лабараторијата и музиката во Белгија, Франција и Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.