По двегодишна пауза, од трети до седумнаесетти август ќе се одржи 18. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Фестивалската програма предвидува двананесет настани кои ќе се одржат на неколку локации.

Официјалната селекција, под мотото „Нови ритуали“, обединува шест претстави:

„Орестија“, копродукција меѓу домаќинот НТ J.H.K Џинот, Велес и Националната Опера и Балет, „Орестија 1/4″, дел од проектот Chorus, продукција на МКЦ Скопје, „Протеј, парче сеќавање кое недостасува“, исто така дел од меѓународниот проект “Chorus”, продукција на Театар Ам Ленд, Грац, Австрија, „Бахки, краток преглед на распадот“ – продукција на НТ Битола, „Исмена“, техничка копродукција на НТ Џинот, Велес; „Едип: коментари“ – премиера на НУЦК Ацо Шопов, Штип.

Фестивалот ќе биде затворен со претставата „Отело“, копродукција меѓу „Перипетија“, МНТ и НП Зеница која ќе биде изведена во чест на лауреатите. Селектор на годинешното издание на фестивалот е директорот на театарот Ј.Х.К. Џинот, Сашо Димоски.

Покрај официјалната селекција, во рамки на годинешното издание на ИФАД Стоби ќе биде промовирана и фестивалската публикација „Нова античка драма“, издание на „Полица“, ќе биде поставена изложбата „Вита“ од Филип Петковски, а во соработка со Кинотека на Македонија ќе биде прикажан, под отворено небо, циклус филмови на Бранко Гапо.

Годинешната програма на ИФАД Стоби ќе се реализира на археолошкиот локалитет Стоби, во театарот Ј.Х.К Џинот и во Шато Сопот.

Билтетите за изведбите на фестивалот се веќе во продажба на билетарницата на театарот по цена од 200 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.