На штотуку завршениот Филмски фестивал во Сараево, новиот проект во развој на Теона Стругар Митевска, “Најсреќниот човек во светот”, кој беше претставен на Синелинк маркетот ја доби наjценетата Еуримаж награда за развој во висина од 20,000 евра, соопштија Сестри и Брат Митевски Продукција Македонија.

 

Оваа година на Синелинк беа преставени 17 одлични проекти од Европа, а „Најсреќниот човек во светот“ е сценарио потпишано од Теона Стугар Митевска и Елма Татарагич.

Продукциската куќа Сести и брат Митевски го развиваат веќе 3 години, и во Сараево за прв пат беше претставено пред голем број на филмски професионалци. Реакциите за сценариото и интересот за копродукциска соработка не стивнуваа за да на крај биде крунисано со оваа престижна награда, велат од Продукцијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.