Новата концертна сезона во Филхармонија се отвора на 6 октомври со концертот насловен „Зорнина”, посветен на еден од најзначајните композитори во историјата на музиката, генијалниот Волфганг Амадеус Моцарт.

Во концертната сезона 2022/2023 ќе нè води ‘Дамар на слободата’. Нервот што постојано “игра”, не застанува и не’ движи е инспирација која не’ поттикна да нурнеме во длабоката ризница на архаизми во македонскиот јазик и да посегнеме по меката милозвучност на зборот.

Зборовите и музиката креираат далга од бои!

Да и се препуштиме на музиката, таа е наше азно, да и дозволиме да не’ освежи како пролетна буица, како првиот зрак во топлата зорнина на денот, се вели во најавата на Филхармонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.