Во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница ќе се одржат промоции на стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов.

Овој стрип според хронологијата на работите е всушност моето прво долгометражно завршено дело. Требаше да излезе како издание многу одамна, во друга држава и на друг јазик, но околностите во тоа далечно време за жал не дозволија. Потоа следуваа нови проекти низ годините, кои секогаш го ставаа „Бестрашниот“ во заден план. Но еве сега, конечно по повеќе од 13 години чекање, стрипот е пред читателската публика, доработен и подобрен, со нов изглед – изјави Дарко Богданов.

Стрип албумот е во издание на Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“ и е финансиски поддржан од Министерството за култура како дел од годишната програма од национален интерес за 2021 година.

Стрип албумот „Бестрашниот“ утре ќе биде промовиран и во КИЦ „Култура 365“ во Охрид. Почетокот и на двете промоции ќе биде во 20 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.