Во Францускиот институт во Скопје, на 17 јануари, со почеток од 17 часот ќе се одржи манифестацијата „Ноќ на книгата“ на тема стрип.

„Ноќ на книгата“ се организира на иницијатива на француското Министерство за култура во соработка со разни институции и книжевни актери. Францускиот институт во Скопје му се приклучува на четвртото издание на овој меѓународен настан со анимација на тема стрип, којашто ја води аниматорот Бруно Асанте ди Капило.

„Земете си го омилениот стрип со вас и дојдете заедно да ја прославиме Ноќта на книгата!“, стои во најавата од Францускиот институт во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.