Александра и Ангелина, две етнички Албанки, од неодамна вработени во Националната установа Конзерваторски центар – Скопје, во Одделението за конзервација на уметничко наследство.

Едната ќе биде Стручен соработник за конзервација на дрвена и камена пластика, другата ќе работи како Стручен соработник за ѕидно сликарство.

Во случајов, или Александра и Ангелина, двете со презимиња на „ски“, навистина се Албанки по етничка припадност (што лесно може да се утврди, врз основа на познавање на албанскиот јазик, на пример), или станува збор за суптилно изигрување на Статутот на Јавна установа, на Законот и на Балансерот.

Дел од одбиените кандидати се сомневаат дека двете дами, со презимиња на „ски“, можеби не се Албанки, што лесно може да се утврди, ако министерот за борба против корупција провери дали добро го владеат мајчиниот албански јазик.

 

извор: Плус инфо

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.