Снимањето на вториот игран филм на Илија Павлов, насловен „Емил врати се“ почнува денеска (29.септември 2022), во продукција на „Персона филм“ и „Кино Балкан“.
Според режисерот, снимањето ќе се одвива во такси низ цело Скопје со цел да се остави еден специфичен печат на градот кој наскоро ќе стане метропола.


-Како да дишам кога знам дека нема доволно за сите…
Во главните улоги се појавуваат реномирани актерски имиња: Душица Настова, Никола Ристановски, Симона Димковска, Оливер Митковски, Васко Атанасоски (21 век), како и околу 150 други познати и искрени ликови од државава.
Првиот долгометражен филм на Илија Павлов е насловен „Гласот на тишината“ (Rebirth: Voice of silence), во кој Павлов е режисер, кинематографер и актер, а покрај него се појавува и актерката Вучица Настова. Филмот беше премиерно прикажан на ИФФК „Браќа Манаки“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.