Неготинската библиотека поттикнува и наградува едукативни приказни напишани од деца, информираа денеска од градската библиотека „Страшо Пинџур“.

Имаме нова поставка од проектот „Приказна низ прошетка“. Поставивме слики на неколку табли во паркот спроти Градскиот музеј. Ги повикавме децата да осмислат своја приказна од прикажаните ликови, која ќе се базира врз принципите на ланецот на исхрана, борбата за опстанок на живиот свет во природата, појасни Катерина Данаилова, директор на библиотеката.

Таа нагласи дека децата за приказните донесени во библиотеката ќе освојат награди.

Данаилова додаде  дека целта е да се стимулира размислувањето кај децата, да се открие и негува нивниот талент за пишување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.