Во рамите на следниот месец во Кинотека ќе се спроведе и Недела на шпански филмови.

-Кинотеката отсекогаш била место коe нуди уникатна филмска програма, алтернативна на холивудските блокбастери и хитовите од стриминг-платформите. Тука, во нашата киносала, македонската публика на големо платно може да погледне арт-хаус филмови од различни кинематографии, како и филмски наслови од домашната филмска продукција. Секако, нашата главна мотивација за создавањето на филмската програма е да се состави програма која ќе нуди нови и разновидни филмски изданија, со кои би се задржало вниманието на нашата редовна публика, но и да се допре до нова и помлада публика – велат од Кинотека.

Целата програма за месец ноември погледнете ја тука.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.