Oд 22 октомври до средината на идниот месец во пет градови низ Македонија ќе бидат прикажани три филмови за деца во рамките на проектот „Недела на детски филмови“ организиран од Асоцијацијата на филмски дистрибутери АФИДИ Битола. Недела на детски филмови почнува денеска во 18 ч. во Домот на културата во Македонски Брод со проекција на германскиот дестки филм „Помош, ги смалив родителите“ и продолжува задутре (24 октомври) со проекцијата на „Магичното огледало – двојна неволја“.

Недела на детски филм ќе има и во Делчево, Гостивар, Пробиштип и Крива Паланка. Филмовите се наменети за деца од 4 до 14 години. Во соработка со дистрибутерската куќа „Узенгија“ избравме три филмови од поновата европска продукција:
– „Помош, ги смалив родителите“ (Германија) во режија на Тим Трагесер (2018, 93 мин.)
– „Магичното огледало – двојна неволја“ (Германија) во режија на Маркус Х. Розенмилер (2019, 90 мин.)
– „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ (Швајцарија) во режија на Мануел Флурин Хендри (2018, 90 мин.)
Проектот е поддржан од Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.