Српската актерка Неда Арнериќ по подолго време се враќа на сцената со новата театарска претстава „Се извинуваме, многу се извинуваме“.

Арнетиќ, која покрај бројните телевизиски, филмски и театарски улоги, македонската јавност ја памети и поулогата во филмот „Исправи се, Делфина“, на 13 октомври, недела, во 20:00 часот ќе настапи во големата сала на Центарот за култура во Битола. Акетрката доаѓа заедно со својот колега Феџа Стојановиќ повод е 39. роденден на институцијата.

„Се извинуваме, многу се извинуваме“ е култна ТВ драма од 70-тите години, кога во главните улоги настапуваа Милена Дравиќ и Слободан Ѓуриќ. После цели 40 години, друг одличен актерски пар, Неда Арнериќ и Феџа Стојановиќ на сцената на театарот Карт бланш, овој пат како театарска претстава го играат овој текст на Милан Николиќ. За оваа претстава актерите добиваат бурни и долги овации од публиката ширум регионот.

Текстот на претставата се однесува на луѓето во постари години кои бараат сродни души. Јас од своето животно искуство би порачала: „Луѓе, не се откажувајте од животот, дури и кога ви е најтешко, кога сте оставени сами, кога никому не му требате. А, тоа е само привидно. Бидејќи повторно ќе најдете некој со кој ќе го поминете остатокот од животот, со кого ќе ви биде убаво, изјави Неда.

Претставата е дел од „Културно мени“ програмата за овогодинешниот 39. роденден на Центарот за култура во Битола. На менито има 39 настани кои вклучуваат театарски претстави, изложби, концерти, промоции на книги и кино проекции, со тоа што очекуваат голем број на посетители од целата држава.

Драго ми е што има голем интерес за сите настани, горда сум на нашата институција и на целиот тим кој работиме заедно. Следниот месец имаме убав настан, а тоа е Фестивалот на музика од светот кој од 15 до 17 ноември ќе се одржи по 11. пат за кој наскоро ќе ја објавиме програмата. За фестивалот во план се гостувања на две исклучителни музички ѕвезди, еден бенд составен од врвни музичари од нашата земја, како и Камерниот оркестар од Битола, истакна Маја Андоновска-Илијевски, директорка на НУ Центар за култура-Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.