Во чест на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на главниот град од фашистичката окупација пред 75 години, денеска во Музејот на македонската борба ќе биде одржан мултимедијален настан под наслов „Наративни приказни за градот Скопје“ со почеток во 12 часот.

Данило Коцевски, познатиот хроничар и раскажувач за Скопје, и во оваа пригода ќе говори за градот, а најавен е и настап на хорот од ООУ „Аврам Писевски“ од селото Бардовци. Посетителите ќе можат да го проследат и емитувањето на документарни филмови од Кинотеката на Македонија од периодот по ослободувањето. Модераторка е Ана Вишинова, историчарка и едукаторка во Музејот на македонската борба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.