Годинашново 19. издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“  ќе се одржува од 18 до 24 септември. По тој повод денеска во 13 часот, во паркот зад Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи првата прес-конференција.

На прес-конференцијата ќе присуствуваат Маргарита Арсова, програмски координатор на фестивалот, Филип Николовски, директор на програма на МКЦ, како и екипата од филмот „Стела“ во режија на Стојан Вујичиќ, со кој ќе се отвори годинашното издание на фестивалот.

Фестивалот кој вообичаено се одржуваше во ноември годинава поради пандемијата со корона е преместен во септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.