Најпопуларната сценска кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф вечерва со почеток во 20 часот, публиката ќе може да ја гледа и да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот.
Кармина Бурана со години го привлекува вниманието како на режисерите и кореографите, така и на бројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар.
Солисти на операта: Наде Талевска, Андреа Ѕаупа (Италија), Дејан Стоев.
Солисти на балетот: Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Игор Веланоски и Мирослав Митрашиновиќ.
Диригент е Емир Нухановиќ (Босна и Херцеговина).
Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.