На штотуку завршениот Филмски фестивал во Херцег Нови во Црна Гора, филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на режисерката Теона Стругар Митевска ја доби главната наградата „Златна мимоза“ за најдобар филм, информираат од продукцијата „Сестри и брат Митевски“.

Петтчленото жири во состав Дуња Клеменц, продуцент од Словенија, Винко Брешан, режисер од Хрватска, македонскиот актер Никола Ристановски, Јелена Мишељиќ, продуцент од Црна Гора и режисерот Никола Ључа доделувајќи ја наградата во своето образложение рекоа дека наградата се доделува за политичко провокативната модерна бајка, која одекнува, боли и засмејува.

Филмот во Црна Гора го претставиле тројцата актери Стефан Вујисиќ, Суад Беговски Суки и Илија Волчески, а наградата ја прими Вујисиќ.

Во август „Петрунија” ќе биде емитуван на седум фестивали ширум светот, затворајќи го месецот со прoекција на 31 Август на големиот Венецијански филмски фестивал во селекцијата Денови на авторите, каде влезе како дел од трите финалисти за престижната награда „Лукс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.