Ансамблот за народни игри и песни „Танец“ ќе одржи вокално-инструментален концерт вечерва во 20.30 часот во Сули ан во Скопје. На концертот ќе бидат изведен богат репертоар на песни, а гостувањето е во рамките на 43. издание на манифестацијата Скопско лето, каде „Танец“ редовно учествува.

Програмата на фестивалот предвидува 30 настани, а најзастапена е музиката. Исто така има и театарски претстави, изложби, фото изложби, програми за деца. И оваа година основата на програмата ја претставуваат нашите домашни уметници, но има и богат избор на меѓународни програми.

Влезниците се во продажба од 200 денари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.