Министерот за култура Асаф Адеми им се заблагодари за досегашната соработка на неговите советници Златко Теодосиевски и Донка Барџиева Трајковска укажувајќи дека повеќе нема потреба од нивните понатамошни ангажмани како стручни советодавни лица за креирање на културни политики за 2019 година.

И Теодосиевски и Барџиева – Трајковска не добиле детално образложение зошто нивниот ангажман се прекинува.

Националниот координатор за културата во Владата и ексминистер за култура Роберт Алаѓозовски, во изјава за „Независен весник“, вели дека министерот има право за именува советници, но тој лично не се сложува со последната одлука на актуелниот министер Асаф Адеми, да им ги откаже ангажманите на советниците Златко Теодосиевски и Донка Барџиева Трајковска. Исто така тој потврдува дека иако досега се консултирале за потезите во инистерството за култура, овојпат тој не бил консултиран за преземените чекори.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.