Деветтото издание на Неделата на дизајн во Скопје ќе се одржи од 27 ноември до први декември во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“, а од денес до 15 октомври се отвора повик до сите производни или увозно ориентирани компании, дизајнери, дизајн студија и неформални групи кои сакаат да ги претстават своите нови производи и услуги пред пошироката македонска и регионална сцена.

На НДЗ годинава ќе може да се изложува мебел, осветлување, елементи за ентериер, секојдневни предмети, додатоци за домот, производи и инсталации од рециклирани материјали, модна и спортска облека, алати, уреди и опрема, амбалажи, а приоритет ќе се даде на производите и прототипите кои го подобруваат начинот на живот и работа, оние кои користат локално достапни материјали и технологии, имаат избалансирани трошоци за производство, оние кои ги следат критериумите за еколошки производни процеси, односно самите производи и нивините амбалажи да бидат економични и еколошки од секој аспект.

На деветтото издание учество веќе имаат потврдено најуспешните производители од регионот кои успеаа во изминатата декада да се искачат до самиот врв во однос на промоција на нивниот бренд и продажба на производите.

Програмата и оваа година е стратешки поставена со цел да се доживее дизајнот со висока естетика и функционалност во полето на продукт дизајн, мода, дизајн на накит, музика, гастрономија и бизнисите воопшто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.