Кристина Костова, консултант за комуникации на градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, на својот твитер профил жестоко го критикуваше светскиот виртуоз на пијано Симон Трпчевски.

Причината поради која Костова го напаѓа маестро Трпчевски е неговата критика упатена пред почетокот на новогодишниот концерт во Штип, на кој солистички настап имаше току Трпчевски.

Тој пред преполната сала искажа јавна умерена и конструктивна критика кон нечовечките услови во кои бројниот оркестар беше принуден да свири – односно ладната сала, нефункционалните радијатори и уште низа помали технички пропусти и грешки.

Ова питомо и духовито обраќање на големиот уметник не ѝ се допадна на Костова, која на својот твитер профил го прозиваше Трпчевски зошто не се побунил кога на негов концерт доцнел поранешниот премиер Никола Груевски.

Симон Трпчески е меѓународно истакнат македонски класичен пијанист. Тој е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња. За неговиот талент сведочат мноштво меѓународни успеси и највисоки критики, како и генералното мислење на музичките критичари ширум светот. Во 2011, Трпчески станува прв носител на титулата Национален уметник на Република Македонија.

Свирел во неброено многу држави, на речиси сите континенти низ светот со најврвните светски филхармониски оркестри и унисоно е прогласен за врвен талент и брилијантен пијанист. Има снимено 4 албуми, сите за најпознатата музичка куќа за класична музика EMI.

Кристина Костова е поранешна претседателка на СДММ Штип и портпарол на ОО СДСМ Штип. Ако на гугл се провери нејзината активност како советник за информирање на штипскиот градоначалник Благој Бочварски, ќе откриете дека е позната по информирањето на јавноста за прскањето против комарци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.