Музеите се затворени, но нашата комуникација продолжува. Остануваме отворени преку социјалните мрежи. Продолжуваме со „прелистување“ дела од колекцијата на Музејот.

Пабло Пикасо, „Глава на жена“, масло на платно, 1963

Треба да помине доста време за да станеш млад е една од познатите максими на Пикасо.

Тој навистина изгледа млад со своите 82 години на оваа фотографија каде во десниот долен агол се гледа неговата тукушто завршена „Глава на жена“, која тој му ја поклони на МСУ Скопје.

Овој портрет на Жаклин Рок, неговата втора сопруга, ѝ припаѓа на неговата последна творечка декада, која критичарите ја нарекуваат „Доцен Пикасо“. Во оваа негова фаза боите на неговите слики се бледи, авторот користи само црни, бели, сиви и синкасти тонови.

Како и на многу познати музеи во светот и на МСУ Скопје му се случи кражба, еден студент на Филозофскиот факултет во Скопје, со помош на пријател од Хрватска, во 1971 година, успеа да го украде скопскиот Пикасо. Само година дена подоцна крадците се фатени во Франкфурт, а веста за успешната акција го обиколи светот. На фотографијата се гледаат насмеаните лица на шефот на германскиот Интерпол и на директорот на МСУ.

Музеите се затворени, но нашата комуникација продолжува. Остануваме отворени преку социјалните мрежи.
Продолжуваме со…

Posted by Музеј на современата уметност Скопје / Museum of Contemporary Art Skopje on Tuesday, May 26, 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.