Музеите се затворени, но нашата комуникација продолжува. Остануваме отворени преку социјалните мрежи, велат од Музејот на современа уметност.

Продолжуваме со „прелистување“ дела од колекцијата на Музејот.

Хар Сандерс, „Драперија 1“, сито-печат во боја, 1970

„Жанета пак се скрила“, сито-печат во боја, 1979

Холандскиот уметник Хар Сандерс е, пред сѐ, познат по неговата вештина да создаде мамка за окото, која ја користи не само во сликарството, туку и во соработка со театарската сцена, но и модните витрини. Како тема тој обично одбира еден познат предмет, најчесто некој дел од облеката или домот (пижама, навлака, перница, чаршаф) и го изолира, за да го добие потребниот фокус. Користејќи се многу успешно со техниките на оп-артот за да создаде илузија, тој истовремено ја доловува реалната слика на предметот, приближувајќи се така кон хипер-реализмот.

Во МСУ Скопје има четири негови графики, овде претставуваме две, на едната е дел од користена постела, на другата ќе треба да ја најдете Жанета.

Музеите се затворени, но нашата комуникација продолжува. Остануваме отворени преку социјалните мрежи.
Продолжуваме со…

Posted by Музеј на современата уметност Скопје / Museum of Contemporary Art Skopje on Sunday, May 10, 2020

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.