„Матица македонска“ го објави новиот роман на Блаже Миневски, насловен „Мрежата на Мамли“. Во своето најамбициозно дело, познатиот писател ги отсликува судбинските мигови и премрежиња, што се одигруваат на тлото на македонската земја.

Ова е роман за мрежата во која се фатени предавниците и патриотите, платениците и полтроните, кодошите и тапкарошите…
Блаже Миневски со „Мрежата на Мамли“ на македонската книжевност ѝ подарува уште еден бесценет наратив: станува збор за роман кој влијае врз иднината на македонската литература а посебно врз иднината на романот како жанр, пишува Венко Андоновски во предговорот.
Блаже Миневски (Гевгелија, 1961) е автор на богат прозен и драмски опус, високо вреднуван од критиката. Добитник е на најзначајните литературни награди во нашата држава, меѓу кои и на наградите Роман на годината, Рациново признание и Стале Попов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.