Министерството за образование и наука на Македонија по 4О години го затвора Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола, а со тоа култниот светски бренд „Мал битолски Монмартр“ веќе ќе го нема, алармираат Елена Хаџи-Антоновска, Ангела Каранфилова и Славчо Неделковски кои преку социјалните мрежи испратија апел за спас.

Од таму објаснуваат дека откако Управниот Одбор на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методи„ Битола на О5.О5. оваа година донесе Одлука за целосна реорганизација на активностите на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола кое 41 година е организатор на култната и најстарата, по Гинисова книга на рекорди и најголема, светска детска ликовна колонија од Министерството за образование и наука на Македонија со информации дека веќе нема да ја имаат нивната поддршка.

Иако 3О години министерството обезбедуваше само една плата за едно лице, технички секретар, и електрична енергија сега по „ничија грешка“ се констатира незаконитост во таа активност и веднаш се прекинуваат сите форми на финансирање. Цинична сума од 6О.ООО денари месечно која нас не одржуваше во живот, а годишно 8О деца ги правеше ликовни уметници и амбасадори на својата земја низ светот. Ученици од 5 до 2О годишна возраст кои бесплатно ликовно се едуцираа и го развиваа својот талент во нашите простории но и низ детските ликовни колонии од Хонг Конг, па до Португалија, се вели во реакцијата.

Потенцираат дека само изминатите шест месеци нивни ученици на 1О светски детски ликовни конкурси и 5 светски детски ликовни колонии освоија над 85 награди.

И така нив денес ќе им соопшиме дека нема настава од септември и ќе им речеме: „Браво и збогум!”

Со ова сме доведени во ситуација во која апелираме сите здраворазумни граѓани и општествено одговорни компании во Македонија да ни помогнат со гест на поддршка и финансиска помош за да опстои единствениот светски детски бренд од Македонија – „Мал битолски Монмартр“, велат од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола.

Додаваат дека од утре ќе преземат и конкретни активности со комуникација со своите долгогодишни партнери од цел свет – УНЕСКО – Амбасадите на странските земји во Македонија и Генералните конзулати во Битола како и органите на власт, како што велат било тоа да е локална или државна a кои имаат уши а не „граматички грешки“.

Ние нема да дозволиме нечии „граматички грешки” да доведат до бришење на скоро полувековната историја на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола а од вас бараме само поддршка во форма во која сте во можност да ја обезбедите.  Ние нема да дозволиме ликот и делото на светски реномираниот ликовен педагог Коста Хаџи-Антоновски кој ја постави Македонија на светската мапа да замре поради вашите хирови, велат оттаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.