Македонската авторка Румена Бужаровска на 31 јануари, во Буенос Аирес, Аргентина, го претстави шпанското издание на „Мојот маж“, објавено од шпанската издавачка куќа Impedimenta, во превод на Красимир Тасев. Промоцијата се одржа во книжарницата Dain Usina Cultural пред бројна публика.

Со Бужаровска разговараше познатата новинарка, авторка и професорка Инде Помераниец, која во 2015 година беше една од организаторките на аргентинското феминистичко движење #NiUnaMenos против фемицидот и насилството врз жените.

Деновиве „Мојот маж“ е објавена и на полски јазик, во издание на Biuro Literackie и во превод на Јованка Дорота Ќириќ, а според истоимената збирка раскази атинскиот театар „Тисион“ постави претстава во режија на грчката режисерка Марија Маганари.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.