Вечерва премиерно во Југословенско драмско позориште (ЈДП) во Белград, Србија ќе се одигра претставата „Мојот маж“, работена според истоимената збирка раскази на македонската писателка, професорка и преведувачка Румена Бужаровска.

Режисерка на претставата е Јован Томиќ, а во претставата играат Сања Марковиќ и Јована Беловиќ.

„Мојот маж“ првпат беше поставена во Драмски театар во Скопје, лани, во март, во режија на Нела Витошевиќ, а потоа и во Словенско народно гледалишче во Љубљана, Словенија.

Бужаровска е трет македонски автор кој се поставува во ЈДП, по Русомир Богдановски со адаптацијата на „Ајнштајновите соништа“ и Дејан Дуковски со „Маме му ебам кој прв почна“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.