На програмата на 46. МОТ вечерва е претставата МОДИЉАНИ / ПИК Продукција, во режија на Сибел Абдиу. Претставата ќе се одигра во МКЦ, сала 25 мај со почеток во 20 часот. 

„МОДИЉАНИ“ е драмски спектакл, кој ги прикажува двата главни аспекти од животот на фамозниот талентиран сликар Амадео Модиљани; беспрекорната љубов со Џан и смртното ривалство со Пикасо. Заглавен во неизбежната трагична судбина, Моди успева да ги креира највпечатливите дела од неговата генерација, кои будат страшна љубомора кај големиот Пикасо. Ова дело го прикажува јазолот на судбината во кој е заглавен Модиљани, а без што веројатно немало да биде толку голем уметник. Од една страна притисокот на властите поради неговата етничка припадност, од друга страна притисокот на семејството на Џан, и од трета страна притисокот на Пикасо, кои доведуваат до трагичната смрт на овој голем уметник, чиј живот сам по себе претставува уметност, Сибел Абдиу, режисерка

 

Претставата Срам / Прво па женско од авторката Ангела Стојановска, пак, ќе може да ја гледате во 22 часот во МКЦ, Фросина.

 

Ова е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот што сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе.

 

Активностите на платформата се поврзани со програмата на проектот  „Жени за жени“ #wowprogram и проектот Пич Прич, кои ги реализира ЗГ за промоција на женската активност Тиииит! Инк.

Билетите за претставите изнесуваат 300 денари. Истите се достапни преку bileti.mkc.mk и на билетарница во МКЦ.

Тимот на МОТ го задржува правото на измени во распоредот на претставите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.