На 22 ноември во Македонскиот народен татар се одржаа два настани. Првиот беше посветен на Денот на албанската азбука, во организација на Министерството за политички систем и истиот помина во најдобар ред. Вториот настан беше првично најавен и организиран од пратеникот Артан Груби, соопштија денеска од МНТ.

Од националниот театар очекуваат од организаторот на вториот настан да ја надомести штетата предизвикана во објектот.

За вториот настан имавме информација дека ќе се проектира документарен филм во траење од 30 минути, но за содржината на истиот не добивме информации, ниту беше најавено присуство на навивачка група на фудбалски клуб. Очекуваме од органзираторот на вториот настан да ја надомести штетата предизвикана во објектот, се вели во соопштението на МНТ.

Симона Угриновска, директорка на МНТ претходно изјави оти тие не знаеле до последен момент ниту дека документарецот не во контекст на одбележување на Денот, тука дека е сосема друга темата и воопшто не знаеле дека се повикани навивачи на фудбалски клуб. Угриновска остро го осудува инцидентот што се случи во петокот.

Симона Угриновска, директорка на МНТ

Во петокот во МНТ дивееја навивачите на фудбалскиот клуб Шкупи, познати како „Шверцери“. Во националниот театар пристигна крим-техника за да изврши увид на штетата што е направена. Засега е познато дека се откорнати орнаменти од ѕидовите и тапацир од столчињата.

Угриновска потенцираше дека за одбележувањето биле предвидени серија настани, посочувајќи дека владините претставници се оградуваат од причина што тие не биле инволвирани во настанот на кој се случил инцидентот.

Владата, односно Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ја организирало само централната манифестација – Свечената академија по повод прославата на Денот на албанската азбука, додека настанот на којшто се случил инцидентот бил само најавен меѓу другите настани предвидени за одбележувањето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.