Подготовките за комплексниот проект „Патиштата на хероите“, чиј носител е Македонскиот народен театар (МНТ) се при крај. МНТ театар доби финансиска поддршка од програмата Креативна Европа на Европската унија за долгорочниот проект кој ќе трае две и пол години, соопшти денеска на прес-конфренција режисерката Нина Николиќ.

Покрај МНТ вклучени се уште шест организации од кои една од Македонија (Издавачка куќа Гаврош) и 5 од другите партнерски земји Италија (Ла Драматурџи), Грција (Лооп Амке), Босна и Херцеговина (Студио Театар), Словенија (Институт за театарска игра) и Србија (Ехо Анимато). Како финален производ на проектот, во 2022 година, ќе биде премиерата на копродукцијата „Народен непријател“ на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ во која ќе учествуваат автори од сите партнерски земји, а во изведба на актери од ансамблот на МНТ.

Николиќ денеска не ги откри имињата на актерите кои ќе играат во преставата.

Инспариција е всушност драмата на Ибзен Народен непријател, која го истражува влијанието на поединецот врз заедницата и обратно.

Токму затоа, како финален производ на проектот, во 2022 година, ќе биде премиерата на копродукцијата „Народен непријател“ на Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ во која ќе учествуваат автори од сите партнерски земји, а во изведба на актери од ансамблот на МНТ.

Македонскиот народ театар на наша голема радост е лидер на овој проект кој што во цеопст се занимава со организации и презентации. Наш главен фокус е претставата „Народен непријател“ која ќе се реализра во текот на следниот период и чија премиера ќе се случи во 2022 година, рече режисерката на денешната прес-конференција.

Покрај претставата „Народен непријател“, проектот подразбира создавање на голем број на авторски дела и програми во кои спаѓаат илустрирани книги за деца, бројни работилници кои ќе вклучат актери и автори од целиот период како и од сите актерски земји, потоа интервјуа со луѓе кои документарно ќе се следат и преку кои ќе се покаже дека сите ние сме опкружени со индидвидуалци кои постојано и секојдневно длеуваат во име на сите нас. Во март или април, во зависност од временските услови, заедно со средношколците од „Раде Јовчевски Корчагин“ на кејот на Вардар, во близина на МНТ ќе се засадат дрвја, во обид да се раззелени просторот околу Театарот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.