Македонскиот народен театар (МНТ) на 14 октомври ќе ја почне новата сезона по паузата од седум месеци поради коронакризата, и на првата претстава се поканети медицинските лица.

Ги каниме хероите на ова време – лекарите и медицинскиот персонал од Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’, Градската општа болница (ГОБ) ‘8 Септември’, Детската болница во Козле, епидемиолозите и матичните лекари, велат од МНТ.

На 14 октомври во 20 часот ќе се изведе претставата „Говорна мана“ по текстот на Горан Марковиќ, во режија на Драгана Милошевски-Попова, а согласно протоколите за работа на културните институции, во салонот ќе може да седат од 160 до 180 лица.

Во претставата играат: Игор Џамбазов, Сашка Димитровска, Ивица Димитријевиќ, Арна Шијак, Ана Стојановска и Билјана Јовановска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.