Децата се толку внимателна и вистински искрена публика што дури и кога глумиш негативец, ламја или вештерка, тие ќе бидат комплетно отворени со тебе. Најважното нешто. Мислењето на малиот гледач најчесто е без грешка, прецизно и со многу емоции“, изјави директорката на Театрот за деца и младинци, Катарина Илиевска-Силјановска вчера на промоцијата на монографијата „30 години ТДМ – Сон што трае“.

ТДМ на отворено зад Музејот на современа уметност (МСУ) ја прослави 30-годишнината од основањето. Роденденот на театарот е на 25 март, но прославата беше одложена поради коронакризата.

Во овие три децени постоење, направивме осумдесет претстави. Едуциравме бројни генерации љубители на театарската уметност, рече Илиевска-Силјановска.

Театарот е формиран во 1990 на иницијатива на Љубомир Чадиковски, кој беше и долгогодишен директор. Првата претстава е одиграна на 25 март, „Чудовиштата од нашиот град“, по текст на Русомир Богдановски, а во режија на Коле Ангеловски.

Монографијата ја подготви новинарот и театарски критичар Тодор Кузманов. На промоцијата говореше театарологот Ана Стојаноска, која го напиша предговорот на монографијата. Според Стојаноска, триесет години е една сериозна возраст.

За триесет години може да пораснете, да ги научите првите букви, да научите да составувате приказни, да се вљубите и да се одљубите, да создадете свои деца, да создадете еден свој свет. Во таа приказна на триесет години на Театарот за деца и младинци можевме да видиме каде се прикажани сите тие етапи, колку тоа да звучи кратко или долго, зависи како ќе ги создавате значи еден живот, и тоа живот на сите нас овде, без разлика дали се наоѓате на животот на сцената на Театарот за деца и младиници, на сцените на почеток, или на оваа сегашната, или тоа се наоѓа во срцето на сите нас кои пораснавме гледајќи ги тие претстави со кои го засакавме Театарот, рече Стојаноска.

Авторот Кузманов изрази надеж дека и во иднина нема да престане љубопитството за откривање нови простори и за биење на битката Тетатрот да им доближи до најмладата публика и да биде едуцирана и израсната со сите благородни, хуманистички наслаги што ветуваат констурктивност во целиот живот.

По промоцијата денеска беа доделени и плакети и благодарници на сите театарски работници кои со својот ангажман оставиле длабока трага во Театарот за деца и младинци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.