Дел од Македонија е Источна Албанија! Министерството за култура финансиски ќе ја поддржи книгата „Албанците од Северна Македонија (Источна Албанија) во борба за национална независност“. Книгата е дело на професорот по историја на Тетовскиот Универзитет Веби Џемаили. Од годишната програма за култура за овој дискутабилен проект, на сметката на професорот ќе легнат 3 илјади евра. За министерството, оваа книга која содржи ставови дека дел од територијата на Македонија е дел од Источна Албанија е добар и издржан проект од национален интерес.

Веби Џемаили долги години е познат во јавноста по неговите контроверзни ставови дека од Дебар до Велес никогаш не постоела Македонија, односно дека тоа е источниот дел на Албанија.

Од Велес нагоре, Тетово, Дебар, Струга, Кичево, немало Македонија. Овие краишта биле албански источни краишта. Ние се соединивме во една заедничка држава во 1945 година под името Македонија, рече Веби Џемаили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.