Министерството за култура и Асоцијацијата на архитекти потпишаа меморандум за меѓусебна соработка во областа на архитектурата и заштитата на недвижното културно наследство.

Прва активност овозможена со потпишување на овој Меморандум за соработка, како што информираат Министерката Ирена Стефоска, Претседателот на ААМ, Мишко Ралев и Претседателката на Собранието на ААМ, Искра Јанковска-Михајловска е вклучувањето на тим професионални кадри, чија специјалност е заштита на објекти од културно наследство, во стручното тело при Министерството за поддршка на процесите на Охридскиот регион.

Меморандумот предвидува соработка меѓу Министерството и архитектите во планирање проекти и активности поврзани со архитектурата во областа на заштитата на недвижното културно наследство, како и давање стручни мислења поврзани со архитектурата во проектите што Министерството ќе ги спроведува за заштитата на културното наследство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.