Министерот за култура Хусни Исмаили престојува во Париз, Република Франција, каде што ќе учестува на Форумот на министри за култура на тема: „Културата и наследството, обновливи енергии за дијалог и мир“, кој се одржува во рамките на 40. заседание на Генералната конференција на УНЕСКО, соопштија од Министерството за култура.

Предвидено е утре министерот за култура Исмаили да има свое обраќање на панел-дисукусиите на кои ќе се разговара за иницијативите и механизмите што поттикнуваат културен дијалог на национално или на локално ниво, како и за улогата на културната дипломатија во одржувањето на мирот и активностите што ги спроведува нашата земја во овој контекст.

На 40. заседание на Генералната конференција на УНЕСКО, кое се одржува од 17 до 21 ноември, меѓу другото, ќе се дискутира и за други теми: културата во срцето на образованието како фундаментална димензија за човеков развој и иновации, инвестирање во културата и креативноста за одржлив развој и вработување, како и за културата во јавниот простор како двигател за социјална и урбана трансформација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.