Околу 20 илјади евра, без притоа пресметан ДДВ, се доделени за дел од настапувачите на манифестацијата „Звуци на чаршијата“, открива пратеникот Антонио Милошоски, кој повика на оставка од директорката Култутно-информативниот центар Сермине Пурини од ДУИ.

Директорката на КИЦ, Сермине Пурини од ДУИ лесно троши буџетски пари, од Министерството за култура и град Скопје, па така за манифестацијата „Звуци на чаршијата“ ќе исплати хонорари од:

11.000€ без ДДВ за убавата Елвана, пејачка од Албанија, за само 45 минути настап

 

4.000 ЕВРА, без ДДВ, за Дафи Зеќири

 

Љум Бериша – 2.500 евра без ДДВ

 

Или Лимани – 2.500 ЕВРА, без ДДВ.

 

Вкупно 20.000 евра без ДДВ!!!, открива Милошоски.

Пратеникот вели дека би било многу подобро доколку има приоритет во трошењето на парите на граѓаните.

На пример, малку средства за некое играорно друштво, малку средства за инструменти на 5-6 сиромашни талентирани музичари, малку средства за тоалетите во училиштето „7ми Март” во Чаир и малку средства за една мешовита македонско-албанска група на млади музичари кои ќе ја развеселат чаршијата многу повеќе за само 1/10 од она што Елвана ќе го стави во џебот за 45 минути!

 

Почитувана Директорке, ваков луксуз можеби ѝ личи на Шведска, но во Македонија за ваков луксуз може да си размислите и за оставка!, рече Милошоски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.