Политиката надвор од културата, порача денеска претседателот на ЛДП и дел од владејачката коалиција, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, изразувајќи ѝ јавна поддршка на Нора Шаќири Марковиќ, која денеска со решение на Министерствто за култура, беше сменета од функцијата в.д директор на театар „Комедија“.

Поддршка за Нора Шаќири!
Политиката надвор од културата.
Многу непромислен чекор, порача Милевски.

Човек само да посака вакви колеги.
Не треба да ги познаваш состојбите во Театар Комедија. Доволно е да слушнеш што зборуваат колегите и секому ќе стане јасно каква глупост е направена со разрешувањето на директорката која случајно е сестра на нашиот кандидат за градоначалник.
Долно, срамно за оној кој го спровел овој Сталинистички линч.
Доволна потврда и сатисфакција за директорката од оваа поддршка нема – коментира Милевски

Претходно и самата Шаќири се огласи на социјалните мрежи, а поддршка стигна и од вработените во театар „Комедија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.