Мила Добревска е визуелен уметник од најмладата генерација уметници од Македонија. Своите додипломски и постдиплимски студии ги завршува во Равена, Италија со специјализација во современ мозаик. Наоѓа инспирација во шпанскиот уметнички свет уште во средно образование, каде е дел од реализацијата на мурал инспириран од “Герника” на Пабло Пикасо.
Мила ја отвори својата прва самостојна изложба во странство, во Барселона. Нејзините дела, меѓу кои 16 слики во техника масло на платно и 11 рачно изработени накити со детали од микро мозаик, ќе бидат изложени во текот на целиот месец февруари, соопштија од ЕУ за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.