Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и актер Тони Михајловски за состојбите во културата.

За културата не зборувам од едноставна причина. ЈА НЕМА! Мртва е!

Никогаш, ама никогаш на смрдсм не им била битна, но исто така никогаш не им била волку небитна. Сега еве имаме доктор за министер.

Тој само треба да ја констатира смртта на културата за да може таа да се погреба.

На “вмровците” што работат во министерството и молчат пред целиот грабеж кој во овие скоро три години им се случува пред очи, би им препорачал и понатаму да молчат. Ако веќе немаат храброст да го обелоденат она што го гледаат, слушаат и знаат плашејќи се за своите работни места, нека не лаат против луѓе што тоа би го објавиле кога би го знаеле.

Седете во своите глувчешки дупки, грицкајте од сиренцето и молчете, затоа што сте соучесници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.