Книгоиздателството МИ-АН организира промоција на книгата „Енциклопедија на македонски имиња“ од архимандрит Иринеј Стефановски, во Дом на културата „Кочо Рацин“ (Дом на градежници), Голем салон, на 12 декември 2019, со почеток во 19 часот.

Во четврток, 12 декември 2019, со почеток во 19.00 часот, во Големиот салон на Дом на културата „Кочо Рацин“ во-Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Енциклопедија на македонски имиња“ од архимандрит Иринеј Стефановски. Книгата е во издание на Книгоиздателството МИ-АН од Скопје. За книгата ќе зборува Игор Радев.
Во книгата се опфатени 2 000 имиња. За секое име е дадено неговото потекло, значење и толкување. Значењето, првенствено, се открива етимолошки, според зборот од каде што доаѓа името. Толкувањето е дадено кај оние имиња чие значење ја надминува буквалната смисла на зборот или зборовите од кои е составено. Во книгата, словенските имиња се поврзани со нивните пандани во другите јазици – откривањето и обзнанувањето на таа врска е значајно од јазичен, историски, книжевен и културолошки аспект. Во време кога модерните теории сѐ повеќе го изучуваат идентитетот како категорија неделива од постоењето/дијалогот со Другиот, оваа книга е пример за таквото дефинирање и има потенцијал многу да придонесе во иднина во таа насока и кога се зборува за личниот идентитет на поединецот, но и идентитетот како колективна одредница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.