Во Драмски театар вечерва со почеток во 20 часот, во рамките на „Рута Група Триглав“ настапува актерската екипа од Месно гледалишче од Љубљана со претставата „Хероини“ во режија на Александар Поповски.

Претставата е базирана на писма од познатите хероини од грчките митови упатени до мажите н нивните животи, кои на разни начини ги оставиле, отфрлиле, предале. Хероините се означени преку контекст на војната, контекстот на митовите во кои се окарактеризирани првенстевено како придружнички или како „попатни станици“ на патот на нивните љубовници, како и преку митовите што се речиси заборавени во денешно време. Нивните приказни се интимни битки, контраверзни љубови полни со афект и без исклучок, овековечени се во легенди-во митови кои најчесто се именувани по нивните краткотрајни придружници.

Режија-Александар Поповски, драматургија-Ева Махковиц, превод Аленка Клабус Весел, костими-Миа Поповска, авторска музика-Кирил Џајсковски.

Улогите ги толкуваат: Викторија Бенчик Емершич, Ајда Смрекар, Јудита Зидар, Тања Рибич, Тина Поточник Врховник, Јулита Кропец, Мирјам Корбар, Тјаша Железник, Вероника Железник и јернеј Гашперин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.