Во четврток (28 април) со почеток во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се одржи меморијален концерт во чест на Александар Николовски, истакнат македонски музичар кој твореше и настапуваше со повеќе џез состави.

Организаторите велат дека Николовски остави значаен белег во македонската џез музика со својот единствен и препознатлив лиричен звук, и посочуваат дека овој настан претставува можност да се изведе музиката која тој сакаше да ја свири.

На концертот ќе настапат групите со кои тој создаваше различни форми на џез музика – Next to Silence, Sethstat и FIN Project, како и нивните гости Ади Имери, Сашо Гигов Гиш, Калина Велковска, Петар Христовски, Сенад Усеин, Горан Трајковски, Зарина Првасевда и Иван Петровски. Воедно овој настан ќе биде убава прилика на едно место да се соберат неговите соработници и пријатели, и со музика да се поздрави она што Александар Николовски го остави зад себе, велат организаторите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.