Уметничката Марија Павловска е добитник на меѓународното признание на Интернационалната изложба на азиската, американската и медитеранската уметност – „ААмА“ за 2021 година, за придонес во културната нова граница. Наградата ја доделува Академскиот комитет во рамките на 18. меѓународна изложба на „ААмА“.

Како што информира Павловска, во рамките на изложбата, која беше отворена  на 26 ноември во кинескиот уметнички центар „Хангжу Ламор“,  беа презентирани дела  на 82 уметници од 52 земји во светот.  Куратор на изложбата беше Чи Луо од Кинеската академија за уметност. Во моментов, 18. издание на „AaмA“  е изложено во кинескиот уметнички музеј „Квиндао“.

Павловска најавува дека изложбата во иднина ќе биде претставена пред јавноста и во повеќе музеи во Народна Република Кина, Европа и во Соединетите Американски Држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.