Во сабота, на 20 август 2022, од 20.30 часот, во Летната бавча на Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе биде отворена Меѓународната ликовна колонија „Михајлово 2022“ Кавадарци.

Во рамките на отворањето, претходно од 20 часот во Галеријата при Домот на културата ќе биде отворена изложба на Стефан Хаџи – Николов. За време на отворањето ќе настапи групата „Акустико“. Годинашното издание на колонијата ќе донесе учесници од Словенија, Србија, Турција, Црна Гора, Грција, Македонија, Косово, Германија и Русија.

Колонијата е поддржана од Министерството за култура и Локалната самоуправа на Општина Кавадарци.

За време на колонијата ќе се одржат изложба на Диме Темков, Љубљана, Словенија (Музеј Галерија – 22 август – 20 часот), изложба на Новица Трајковски, Скопје – “„иквешанка“ (Вински Музеј – 24 август – 20 часот), промоција на книгата „Наива – наивното сликарство и скулптура во Македонија“ од Гоце Бужаровски (Вински Музеј – 24 август – 20.30 часот).

Уметниците ќе творат во Вила „Рума“ Дабниште, каде со изложба на дела од учесниците колонијата ќе биде затворена на 25 август од 20 часот. За време на затворањето ќе настапат рок групи “Kavadarci night”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.