На 23 април 2019 година (вторник) во 19 часот, во книжарницата на „Матица македонска“ од Скопје ќе биде промовиран романот „Интернат“ од големиот украински писател Сергиј Жадан.

На свеченоста што ја организираат Амбасадата на Украина во нашата држава и Здружението на украинците во Скопје, поздравна реч ќе одржи амбасадорката Н.Е. Наталија Задорожњук, а делото ќе го промовираат писателот Раде Силјан и преведувачката Вера Чорниј Мешкова.

Сергиј Жадан спаѓа во редот на најпознатите современи украински писатели. Автор е на богат прозен опус за кој е добитник на бројни книжевни национални и меѓународни признанија, а неговиот роман „Интернат“ е преведен на најзначајните јазици во светот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.