Книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје го објави драмското дело „Прличев – сценски приказ на поетовата судбина“ од акад. Витомир Митевски. Сценскиот приказ и животот на поетот е предаден според автентични списи од големиот македонски преродбеник, изнесени во Автобиографијата, како и според негови писма,говори,песни и сл.

Витомир Митевски (Куманово,1951) е автор на триесетина книги од областа на филозофијата, класичната филологија и византологија, како и на драмите  „Плениците на Сатанаил“, „Штрајк“ и  „Жив песок“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.